Компанијата „ МАКАЛБ “ со седиште во Скопје, Република Македонија располага со урбанизирана локација од околу 8000 м2 , кој е протега паралелно со автопатот Скопје – Тетово, на околу 17,00 км од Скопје.

Урбанизираната локација може да послужи за изградаба на фабрики од разен вид со Еколошка намена без загадување на животната средина, меѓутоа превасходно наменски најпожелно би било да се инвестира во изградба на фабрика за производство на печена вар, хидратисана вар пакована во вреќи како и микромлевена вар, а најголемиот придонес за сето овоа би било таа што на само 300 м1поседуваме каменолом со изворедно квалитетен камен материјал кој е погоден баш за горенаведените производи.

Материјалот од каменоломот има разни сертификати на испитувања како од Републички така и меѓунареден карактер, наиме поседуваме Сертификат од ГИМ – Скопје и од Институтот МООL, од Хамбург Германија, кое Ви го доставуваме во пролог.

Вакви фабрики се присутни по целиот свет ги има многу и во Европа т.н.пр. во Германија има неколку, фирмата „ КARMEUS “ од Белгија ги има преку 100 фабрики распространети по светот и се најголеми светски производители на горенаведените производи од варовиот камен, потоа фирмата „ PLENА “ Шведска koja има повеќе од 10 фабрики, а едната им се наоѓа во Египет.

Како следна причина зошто ја предлагаме нашата локација е тоа што во Република Македонија нема фабрика за производство на горенаведените производи od var а нема ниту во окружењето, Албанија, Косово каде би бил можен пласманот а ги има во Бугарија, Грчка како и во Босна и Херцеговина но тие пазари се многу неповолни поради транспортот.

Пожелно е да се истакне дека квалитетот што го поседува нашиот камен материјал е погоден за производство на микрогранулат, прибидејќи содржината на истиот е CALCIT (калцит) со чистота одCaCO3 99 %, во содржината нема никакви штетни состојци а белината на бојата максимално одговара за производтсво на микрогранулат.

Размислувањата се да евентулно ако инвеститорот се одлучи за изградба на фабрика, истата мора да биде по најнови Европски Стандарди за вакви објекти и по теркот на Швајцарската фабрика „ ОМIА “ , која воедно е и најголема од таков вид во Европа.

Во случај да евентуалниот Инвеститор размислува за изградба на фабрика за производтсво на други производи може намената да се измени со тоа што, како што е веќе горе е спомнато треба да биде од типот фабрики што не ја загадуваат околината т.е. фабрика за производство на било какви автомобилски делови,електрични делови,текстилна индустрија или конфекција.

Местото-Локацијата е со оформена инфраструктура и тоа асфалтиран пат до локацијата,200м одалечена од главниот автопат со два правца Скопје-Тетово,има електрична енергиа и трафостаница, базент за вода и др.