За Макаљб Компани

Основањето на сегашната компанија датира од 1997 година и се смета како една од првите компании основани во приватна сопственост. На почетокот во стален работен однос беа мал број на вработени. Горенаведената компанија има каменолом и модерна сепарација со многу видови сита и со обемен капацитет на производство од 100m3/h. Каменоломот го има земено со договор за концесија за 30 години, со можност за продолжување на уште наредни 60 години. Површината на доделениот простор за канцесија е 17 h или 170.000, 00м2.

На каменоломот утврдени се геолошки рудни резерви во износ од 50 милиони тона калцитски варовник (CaCO3) , а фактички рудните резерви се неограничени поради поволната конфигурација на теренот.

Активностите на компанијата почнаа во 1997 година а со редовно производство во 2002 година со отворање на каменоломот во близина на селото Групчин, општина Желино. Овие активности на нашата компанија му донесоа разновидни производи од кои повеќето се употребуваат во градежништвото. Нашата компанија се бави со минирање на карпи, дробење на каменит планински варовник од кој се произведуваат различни фракции на гранулат со стандардна големина на зрната од: 0-4 мм, 4-8 мм, 8-16 mm, а 16-31,5 мм и фракција за изведба тампонски слоеви за патишта со големина на зрната со димензии 0-31 и 0-63mm.

Со материјалите на нашата компанија беше снабдена Грчката фирма „ ТЕРНА “ - Атина која учествуваше во изградбата на автопатот Коридор 8 (заобиколницата Скопје), како и сите паркиралишта околу спортската сала „ Борис Трајковски “ - Скопје, паркиралиштата на аеродромот „ Александар Велики “- Скопје, во проектите изведени од страна на „ Јавното Претприатие за Улици и Патишта “ на град Скопје и на многу други објекти.

Гореспоменатите фракции на зрната се користат најчесто во изведба на градежни работи почнувајќи од производство на бетони, разни малтерисувања, обработка на фасади, суви малтери, изработка на бекатон плочки и рабници, изведба на долниот строј на автопатишта како и сите видови патишта, изведба на паркиралишта за моторни возила како и во користење на тампонски слој при плитко и длабоко фундирање на разни градежни објекти.

„ Макаљб Компани “, освен во производството на разни гранулирани фракции се занимава и со изградба на разни градежни објекти како што се: патишта, тротоари, монтажа на сите видови на рабници, монтажа на бекатон плочки како и сите партерни уредувања и паркинзи за моторни возила.

Со нашата градежна механизација вршиме изведба на земјани работи и тоа : разни ископи, насипи и набивања со транспорт на градежни материјали со квалитет предвиден со прописите и Градежните Норми кои важат во Република Македонија.

kamenolom-vertical