За нас


Основањето на сегашната компанија датира од 1997 година и се смета како една од првите компании основани во приватна сопственост. На почетокот во стален работен однос беа мал број на вработени. Горенаведената компанија има каменолом и модерна сепарација со многу видови сита и со обемен капацитет на производство од 100m3/h.

Каменоломот го има земено со договор за концесија за 30 години, со можност за продолжување на уште наредни 60 години. Површината на доделениот простор за канцесија е 17 h или 170.000, 00м2.

На каменоломот утврдени се геолошки рудни резерви во износ од 50 милиони тона калцитски варовник (CaCO3) , а фактички рудните резерви се неограничени поради поволната конфигурација на теренот.

Активностите на компанијата почнаа во 1997 година а со редовно производство во 2002 година со отворање на каменоломот во близина на селото Групчин, општина Желино. Овие активности на нашата компанија му донесоа разновидни производи од кои повеќето се употребуваат во градежништвото. Нашата компанија се бави со минирање на карпи, дробење на каменит планински варовник од кој се произведуваат различни фракции на гранулат со стандардна големина на зрната од: 0-4 мм, 4-8 мм, 8-16 mm, а 16-31,5 мм и фракција за изведба тампонски слоеви за патишта со големина на зрната со димензии 0-31 и 0-63mm.


Повеќе за нас
001
002

Урбанизирана локација од 8000 м2


ИНФРАСТРУКТУРА

Асфалтиран пат до локацијата, 200м одалечена од главниот автопат со два правца Скопје-Тетово, електрична енергија и трафостаница, базен за вода...


ПОГОДНОСТ

Погодна за изградба на фабрика за производство на печена вар, хидратисана вар пакована во вреќи како и микромлевена вар.